Организирај се, бори се и победи!

Средба во село Дабиле


17.01.2014 – Претседателот на Агро Синдикатот, Живко Даневски оствари средба со индивидуалните земјоделци од Струмичкиот регион во селото Дабиле. На средбата беше разговарано за соработка на земјоделците со синдикатот, заради остварување на заедничките интереси. Во претходниот период вакви средби беа организирани и во Свети Николскиот и Ресенскиот регион.

Агро Синдикатот и статутарно ги вклучува индивидуалните земјоделци, а се со цел здружување на индивидуалните земјоделци од Гевгелискиот, Ресенскиот, Охридскиот, Свети Николскиот, Струмичкиот и дуги региони од Македонија.

Агро Синдикатот очекува и соработка со работодавачите, особено од преработувачката индустрија, за започнување на дијалог на трите засегнати страни.

Постои голем интерес од страна на земјоделците за здружување и остварување на заедничките цели од сите дејности во земјоделството.