Организирај се, бори се и победи!

Оглас за ангажирање Експерт за развој на интерим извештаи

Оглас за ангажирање Експерт за развој на интерим извештаи

Продолжување на ОГЛАС

за ангажирање Експерт за развој интерим извештаи


Скопје, 02 ноември 2016

Агро Синдикат е раководечка институција на проектот Градење одржливо граѓанско општество преку соработка и управување со стратешко лобирање заради поголемо вклучувачко водење на политика и донесување на одлуки - ЛЕССНО. Проектот е ко-финансиран од Европската унија, а имплементиран во партнерство со Македонско научно друштво – Битола и ГАУС Институт – Битола. Описот на проектот на англиски јазик е даден во прилог во документот lessnо.pdf.

За потребите на проектот потребно е ангажирање на експерт (со полно работно време) за извршување на следните задачи:

A. Подготовка на интерим наративен извештај. Времетраењето на задачите е 23 работни денови.

 

B. Поддршка во подговотка на финансиски извештаи 5 работни дена.

Вкупно времетраење 28 работни денови во периодот 08.11.2016 – 16.12.2016.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат на Англиски јазик:

-         Портфолио на проекти кои ги имплементирале во специфичен формат 02-ServiceTenderSubmissionForm.doc

-         CV како во CV-EU-eng-template.doc

-         Организација и методологија за развивање на интерим извештаи како во 03-OrganizationMethodology.doc

Изборот на кандидатите ќе се изврши врз основа на критериумите специфицирани во документот 06-EvaluatorsGrid.doc

Пријавите на заинтересираните кандидати треба да ги добиеме најдоцна до 07.11.2016 до 10:00 часот, по пошта или достава на рака на адреса Агро синдикат, ул. Мирче Ацев бр. 6, 100 Скопје ИЛИ по е-пошта на адреса agrosindikat@t-home.mk секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

За сите дополнителни информации можете да не контактирате по е-пошта на адреса agrosindikat@t-home.mk  или на телефон 02 3164-846. Контакт лице: Марија Бакарџиева.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат интервјуирани на 07.11.2016 година во 11 часот.

Државните службеници и другите вработени во јавната администрација немаат право да конкурираат за наведената позиција.

Со почит,

 

Живко Даневски

Проект менаџер