Организирај се, бори се и победи!

Нов ОКД за приватнот сектор

На 24 декември 2013 година од страна на ССМ и ОРМ беше потпишана Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Оваа Спогодба излезе во Службен Весник на РМ на 31 декември 2013 година, бр. 189/2013, кој можете да го најдете на следниов линк ---->Службен Весник на РМ бр. 189/2013

Текстот на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, декември 2013 можете да го погледнете на следниот линк ----->  ОКД 2013, со напомена дека текстот е пречистен од страна на Стручната служба на Агро Синдикатот за свои потреби. Текстот со промените е во црвена боја.

Најзнчајни измени кои се постигнати со оваа спогодба се следните:

- Се уреди правото на регрес за годишен одмор на работниците во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните 3 месеци
- Уредена е одредба за забрана на секаков вид на вознемирување на работно место со тоа што покрај со закон случаите на забрана на психичко вознемирување ќе бидат уредени и со КД. 
- Со измените на ОКД е уредено  дека преставникот за информирање и консултирање на ниво на работодавач го избира синдикатот
- Со измените на ОКД е пропишано дека преставникот за безбедност и здравје го избираат вработените од своите редови на синдикален собир на предлог на синдикатот.
- Со измените на ОКД задржани се и понатаму сите надоместоци.

Овој ОКД ќе важи во наредните 2 години од денот на неговото објавување во службен весник на РМ.