Организирај се, бори се и победи!

Нов КД тутнско стопанство

Нов КД тутнско стопанство


Агро Синдикатот на Р. Македонија здружен во ССМ, како репрезентативен синдикат во дејноста тутунско стопанство и репрезентативното здружение на работодавачите при ОРМ од истата дејност, на 23.06.2014-та година склучија Спогодба со која ја утврдија најниската плата во оваа дејност во износ од 10.650,00 денари. Овој износ претставува пресметковна вредност при пресметување на платите, согласно коефициентите на сложеност утврдени во колективниот договор.

Во првата група на работни места која се однесува на работници во работен однос на неопределено време, за најниското работно место основната нето плата изнесува 12.780,00 денари.

Исто така, склучен е и Колективен Договор за истата дејност со кој се изврши усогласување и продолжување на постоечкиот Колективен Договор за вработените во тутунското стопанство со ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството и најновите измени на ЗРО.

Пречистениот текст на Колективниот Договор наскоро ќе се објави во Службен Весник.